корисник

УПАТСТВО ЗА РАБОТА НА ПАНЕЛИСТИТЕ

Вашата работа како панелист е едноставна, секој месец ќе добиете една поголема коверта, во која ќе се наоѓат приближно 10 помали коверти. Малите коверти ќе бидат залепени, адресирани и франкирани, што значи дека ќе бидат спремни за достава. Со ковертите секој панелист исто така ќе добие и распоред кога и како тие коверти да ги предаде во Македонска Пошта. Пред почетокот со работа секој панелист исто така ќе добие username (корисничко име) и password (лозинка). Со тоа ќе му се овозможи внесување на потребните податоци за мерењето.
Единствениот услов за учество во мерењето е панелистот да има пристап до интернет.
Секој панелист ќе има улога на испраќач и примач на тест пратки.

1. Улога на испраќачот

Како испраќач панелистот ќе прати тест пратки (приближно 10 месечно) врз основа на распоредот кој ќе го добие и местото кое ќе го избира самиот пред почетокот на мерењето (поштенско сандаче или шалтер во конкретна пошта).
Кога панелистот ќе ја предаде пратката во мрежата, ќе се пријави на сајтот www.pragmaticus.si (user name и password) каде ќе го внесува бројот на ковертата, датумот и часот на предавање на пратката во мрежата.
Со тоа завршува улогата на испраќач на пратки.

2. Улога на примачот
Како примач на пратки, панелистот ќе прима тест пратки (приближно 10 месечно). Пратката ќе му биде донесена од страна на поштар на Македонска Пошта. Во улога на примач целата работа се одвива едноставно: кога поштарот ја доставува пратката (значи примената пошта мора да се контролира редовно секој ден) панелистот треба да се пријави во сајтот www.pragmaticus.si (user name и password) и да го впишува бројот на пратката и датумот кога е примена. Бројот на пратката панелистот ќе ја види внатре во примената коверта кога ќе ја отвори.

Со тоа завршува улогата на испраќач на пратки.

За други информации за работата на панелистот контактирајте на бројот: 070-389-578